| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.08.2017

Љамчевски: Реализацијата е проблем

„Мислам дека создаваме шанси, се виде на средбите со Победа, Беласица и Работнички, но тешко постигнуваме голови“ вели левиот бек на Пелистер кој беше стрелец на израмнувачкиот гол на дербито

Ако на гостувањето кај Победа во Прилеп минатата недела, на отворањето на сезоната, Пелистер успеа не само да пообеди туку и да одигра навистина квалитетен натпревар, овојпат со Работнички фудбалерите на Пелистер не одиграа на своето потребно ниво.

„Генерално сметам дека ние имаме проблем со реализацијата, создаваме многу шанси, така беше на средбите со Победа, Беласица и со Работнички, но тешко постигнуваме голови. Тоа мора да се поправи под итно на следните мечеви“ вели Љамчевски, кој иако е лев бек завчера беше стрелецот на израмнувачкиот гол за Пелистер во дербито.

*Повеќе читајте во печатеното издание на „Македонски спорт“

 



Датум: 22.08.2017, 10:53
Статијата е прочитана 591 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense