| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.03.2017

Нухиу: Пресреќни сме со бодот

Стратегот на Шкупи не го криеше своето задоволство по ремито во Тетово

Шкупи ја шокираше Шкендија. Среде Тетово одигра 0:0 и освои голем бод.
„Мораме да бидеме задоволни, да кажам дека сме и пресреќни. Дојдовме да се браниме и се одбранивме. Моите играчи заслужуваат честитки, просто изгинаа на теренот. Од контра можевме да постигнеме некој гол но и со овие 0:0 сме презадоволни“ истакна Ардијан Нухиу, стратегот на Шкупи.
За разлика од него Томас Брдариќ не беше расположен.
„Штета, навистина имавме безброј шанси, доминиравме но реализизацијата не беше на ниво. Мислам дека можеме само да жалиме, загубивме два значјани бода. Но што е тука е, одиме натаму“ посочи тренерот на Шкендија.

 



Датум: 05.03.2017, 16:46
Статијата е прочитана 2745 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense