| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.08.2017

Русин на „центарот“ во Хаифа, Ставрев „главен“ во Тулуз

Алексеи Есков ќе суди на Македонија, додека наши судии ќе делат правда на Франција - Луксембург

Рускиот арбитар Алексеи Есков ќе ја дели правдата на натпреварот помеѓу Израел и Македонија кој што ќе се игра во Хаифа. Негови помошници ќе бидат Дмитри Мосјакин и Игор Демешко.

Од друга страна, пак, Македонија ќе има свој претставник во судиите во Тулуз на 3. септември. Александар Ставрев заедно со неговите помошници Костадинов и Кировски, ќе ја делат правдата на квалификацискиот натпревар помеѓу Франција и Луксембург.

Познати се судиите и за квалификацискиот натпревар со Албанија во Струмица. Главен судија ќе биде Јонас Ериксон од Шведска. Помошници неговите сонародници Матиас Класениус и Даниел Варнмарк.



Датум: 29.08.2017, 14:03
Статијата е прочитана 409 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense