| контакт | маркетинг
РАКОМЕТ

03.01.2018

Први проблеми за Гонзалез, Прибак се повреди

Средниот бек го свиткал скочниот зглоб на синоќешниот тренинг, а денеска се чекаат дополнителните прегледи да ја потврдат сериозноста

Средниот бек на Македонија, Немања Прибак заработил дисторзија на скочниот зглоб на синоќешниот, втор тренинг во новата година на националниот тим.
За денеска се закажани детални прегледи кои ќе ја утврдат сериозноста на повредата на Прибак.
Бекот мируваше изутринава, а до попладне ќе се знае дали селекторот Раул Гонзалез ќе може да смета на него за пријателските дуели со Саудиска Арабија и Србија, утре, односно в петок.



Датум: 03.01.2018, 13:11
Статијата е прочитана 919 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense