| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.07.2017 

Жално! Турново почнува од нула 

 

 

 

 

*Клубот кој пред точно 4 години играше со Хајдук во Лигата на Европа и две сезони се бореше за титулата во Македонија сега нема средства за да игра во Втората лига.  

 

 

Хоризонт Турново се откажува од настап во Втората лига – Исток!!! Жалната вест од Турново стигна во текот на вчерашниот ден кога и дефинитивно стана јасно дела лошата финансиска ситуација во клубот е причината поради која оваа екипа заминува во најнизок ранг. Колку е само сурова судбината. Екипата која пред 3-4 години имаше страшно одбар тим со кој две сезони ја ловеше шампионската титула сега нема срдства да игра во Втора Лига. Пред само 4 години Хориознт Турново ја мина судува и играше со Хајдук во второто квалификациско коло од Лигата на Европа.

“Поради финансиски причини немаме сили да играме во Втората лига. Клубот нема да згасне но ќе се натпреварува во Општинската лига на Струмица“, најави Томислав Тимовски секретарот на клубот од Турново.

 

 

 

*Повеќе детали во утрешното печатено издание на Македоски спорт

 

 

 

 

 



Датум: 24.07.2017, 15:34
Статијата е прочитана 6758 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense