| контакт | маркетинг
КОШАРКА

04.02.2018

„Лаки“ ќе му донесе среќа на МЗТ?

Квалитетите на Нешовиќ му се добро познати и на тренерот Лукајиќ, кој го тренираше во Хемофарм, во сезоната 2011/2012.

Алексеј Нешовиќ би можел да стави потпис на договор со МЗТ Скопје, и заедно со Џордон Крафорд да бидат новиот плејмејкерски тандем во редовите на „штрковите“.
Нешовиќ е добро познат во македонските кошаркарски кругови. Во 2014 година играше за Лирија, а потоа две сезони мина во дресот на гевгелиски Кожув. Во моментов, популарниот „Лаки“ (среќниот) е член на српскиот прволигаш ОКК Београд. Во саботата, кога МЗТ се посрамоти против Олимпија, Нешовиќ со ОКК Београд играше против Златибор, и за 32 минути имаше 23 поени, и по 5 скока и асистенции, како и три украдени топки. Дали ова ќе биде последен меч за Нешовиќ како член на белградските „сино-бели“, останува да се види. МЗТ нема многу време, Купот почнува на 16 февруари, и ако планира да го ангажира Нешовиќ, мора да го стори тоа во наредните 7-8 дена.
Алексеј е поранешен репрезентативец на Босна и Херцеговина, има играно на две европски првенства (2007 и 2011 година), кариерата ја почна во Црвена Звезда пред 16 години, а наредниот месец ќе наполни 33 години, и може да биде од голема помош за МЗТ во ситуација кога на тимот очајно му треба еден докажан искусен организатор на играта.
Нешовиќ е роден во Сараево, БиХ, и играше за репрезентацијата на таа земја, но по националност е Србин, и затоа околу неговото име беа врзани контроверзи кога во 2006 година стана еден од првите Срби што заиграле за хрватски клуб (Загреб), и во 2015 година кога потпиша за Сигал Приштина, најдобриот тим од Косово.



Датум: 04.02.2018, 14:47
Статијата е прочитана 779 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense