| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.07.2017

Работнички застана на шест


Со блескава партија во реваншот од квалификациите за Лигата на Европа, Работнички го совлада Тре Пене од Сан Марино со 6:0 и го завери пласманот во следното коло

Ова е јубилејна, 20. европска победа за Работнички во 54 одиграни натпревари. Истовремено, „романтичарите“ го издначија и најубедливиот резултат во нивен триумф, претходно постигнат и на дуелите со Луситанос од Андора и Сконто од Летонија.
Романтичарите“, кои имаа предност од првиот меч со 1:0, во натпреварот влегоа мирно и полека ја кроеја мрежата околу голот на противниците. Таквата игра даде резултат во 28 минута кога суат Сахити го отвори резултатот. Тој гол и дефинитивно го внесе Работнички во следната рунда што им даде дополнителна сигурност на неговите фудбалери, кои на до полувреме ја удвоија предноста со голот на Бојан најденов на две минути пред паузата.
Истиот фудбалер ја затресе мрежата на противниците и во 59 минута, по што, во 71 минута дојде редот и на Кире Маркоски да ја погоди противничката мрежа. Точка на убедливиот триумф стави Стојанчо Велинов со двата гола во 82 и во 83 минута од средбата, со што имаше перфектно деби во официјален дуел за својот нов тим.

 



Датум: 06.07.2017, 19:26
Статијата е прочитана 1766 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense