| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.12.2017

Мобилизација за спас на Пелистер

Фудбалските работници од Битола ќе се обеди9нат во име на клубот

Битолчани минуваат низ тешки моменти. Спонзирите си заминаа, фудбалерите исто така, и сега клубот е оставен на цедило. Во моментов во Битола нема вест која вели дека со Пелистер зимава ќе се случува нешто добро. Ситуацијата е алармантна, како и истата да се погледне. Парите заминаа, општината има ново раководство, и истата сеуште нема став околу тоа што и како ќе се случува во фудбалскиот клуб. Најави за состаноци и средби има, но тоа е нешто што е неизвесно и со тајминг и со епилог. Со еден збор, судбината на Пелистер како прволигаш во моментов е многу, многу сериозна. До толку што речиси сите играчи си заминаа, освен оние кои се родум што се вели од Битола, и кои не си ги имаат подигнато документите од клубот.
А тие се во моментов помалку од десет играчи. Повеќето се искусни, да не се рече ветерани, кои не би можеле да го понесат товарот на Првата лига.

Сепак, ако има искра надеж за спас на ситуацијата истата доаѓа од легендите на битослскиот фудбал. Сите од ред, се согласни да му помогнат на клубот во оваа многу лоша ситуација, како знаат и умеат. Нема да има распределба на функции,  на ново преструктуирање, туку спонтано сите ќе помогнат колку што можат. Не само на финансиски план туку и на организациски, кој колку може.

Од Битола велат дека доколку оштината ќе мора да се најде повторно како спасител на клубот кој е оставен буквално на цедило. Не се знае ништо околу ростерот, иако од ФК Пелистер веруваат дека доколку се изнајде решение на финансиски план, дел од оние кои заминаа, и кои сеуште не пронашле нов клуб, со задоволство би се вратиле. Додека не се реши проблемот со играчите, односно не се состави каков таков играчки кадар, за подготовки и за некаков план за што би се случувало зимава, ама навистина не може да се говори. Спасе Ристевски во моментов и натаму е шеф на стручен план, и тој е еден од оние кои во моментов се обидува да му помогне на Пелистер.



Датум: 16.12.2017, 11:30
Статијата е прочитана 4553 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
23.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense