| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.12.2017

Ивановски со голови го држи Славен во игра

Мирко Ивановски со два гола против Локомотива Загреб, предмалку му донесе бод на Славен Белупо на домашен терен.

Тимот на Славен Бепуло предмалку со помош на Мирко Ивановски стигна до битен бод на домашен терен во ремито 2:2 против тимот на Локомотива Загреб. Нашиот интернационалец ги постигна обата гола, и буквално му донесе реми на домаќинот на овој меч. Иако гостите на два пати водеа, Ивановски на два пати израмнуваше. Вториот гол го постигна од пенал, во 73. минута означувајќи ги конечните 2:2.
Ова за Ивановски беше осми гол во шампионатот на Хрватска што го става на делва на третото место на листата на стрелците заедно со Хебер од Ријека. Преднего се само Ергег од Хајдук со девет гола, и Саудани од Динамо со единаесет.


 



Датум: 18.12.2017, 15:00
Статијата е прочитана 517 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense