| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.02.2017

Ангеловски: Ме радуваат головите на Нестор и Тричко

Селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски изминатата седмица во Анталија ги следеше во живо контролните натпревари на македонските екипи. Тој ги следи и настапите на нашите интернационалци.

Предводникот на нашиот најдобар национален тим, Игор Ангеловски ги следеше натпреварите на Вардар против руски Амкар, Дукла Прага и Хајдук, двата натпревари на Шкендија против Термалика и Подбрезова, пресметките на Пелистер и Силекс против Кајсер и Шиник, дуелите на Академија Пандев против Шахтјор и Вождовац и натпреварите на Работнички против Дњипро, Терек Грозни и унгарски МТК.

„Многу значајно за нашите екипи кои се подготвуваат во Анталија е тоа што имаат идеални услови за тренинг и играат натпревари против силни европски тимови. За време на мојот престој во Анталија ги следев во живо натпреварите на Вардар, Шкендија, Работнички, Силекс, Академија Пандев и Пелистер и од она што го видов во оваа фаза на подготовки, очекувам да бидат максимално подготвени за продолжението од нашиот шампионат. За мене најважно беше да добијам увид во формата на актуелните репрезентативци, но исто така да се уверам во потенцијалот и квалитетите на играчите кои во иднина можеби ќе добијат шанса за настап во репрезентацијата. Ме радува тоа што сите репрезентативци, освен Спировски кој за брзо време ќе биде во полн тренажен процес, се во добра здравствена и натпреварувачка форма. Потенцијалните репрезентативци ќе продолжиме да ги следиме сѐ со цел да имаме јасна слика пред квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн и пријателскиот против Белорусија“, изјави Ангеловски за официјалниот сајт на ФФМ.

Селекторот Ангеловски истакнува дека е задоволен од настапите на нашите интернационалци, посебно од гол формата на Илија Несторовски и Иван Тричковски.

„Нормално дека ги следам настапите на нашите фудбалери кои настапуваат во странство, како селектор исклучително сум задоволен од формата на Несторовски и Тричковски, двајцата постигнуваат голови и се многу значајни за своите тимови. Исто така, ме радува тоа што нашиот капитен Горан Пандев вчера настапи во првиот состав за Џенова, а имаше одличен настап во минутажата која ја доби и на претходните натпревари. Најважно е сите да бидат здрави и подготвени да ги дочекаме подготовките за продолжението од квалификациите“., изјави Игор Ангеловски.



Датум: 06.02.2017, 15:09
Статијата е прочитана 1517 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense