| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.08.2017

Дејан Илиев со повик во репрезентацијата

Младиот голман кој што имаше долга пауза поради повреда, ќе биде дел од сениорската селекција на Македонија

На денешниот список на селекторот Игор Ангеловски кој што ќе биде објавен точно на пладне, повик ќе добие голманот на Арсенал, Дејан Илиев. Чуварот на мрежата имаше долга пауза поради серија на повреди, но сега откако почна да брани за вториот тим на лондонската екипа, ќе биде вклучен во сениорскиот национален тим, и тоа за прв пат во кариерата, со оглед дека до сега имаше настапи за младинската селекција.

Освен него, се очекува голмани да бидат уште Давид Митов-Нилсон и Столе Димитриевски.

Списокот ќе биде објавен денеска во 12 часот на прес-конференција на која Ангеловски ќе ги искаже очекувањата од натпреварите со Албанија и со Израел. На листата на играчи ќе се најдат и младинските репрезентативци кои што не беа во комбинација со Шпанија поради настапите на ЕП во Полска.



Датум: 21.08.2017, 10:28
Статијата е прочитана 496 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense