| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.11.2017

2. ЛИГА ЗАПАД: СКОПСКОТО ДЕРБИ ЗА „ЛАВОВИТЕ“

Македонија ЃП беше подобар противник и ги совлада „млекарите“ со 3:0 на денешниот дуел во Ѓорче Петров

Дербито за Скопје го доби екипата на Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3:0. „Млекарите“ од Лисиче немаа никакви шанси на теренот на противникот, каде што на крајот беше 3:0 за домашните. Уште по првиот дел за само четири минути Еуромилк беше „разбиен“ од Настевски и Колеќески, а овој вториот од пенал во вториот дел ги постави конечните 3:0. Во 70. минута мал инцидент на теренот во кој беа замешани фудбалери од двата тима, а Боби Божиновски доби црвен картон.
Зајази како домаќин беше подобар од Локомотива и триумфираше со 2:0 со головите на Османи и Хашими во вториот дел.
Струга Трим Лум го совлада Новаци со 3:1 со двата гола на Главевски, и еден на Мерџани. Гостите, пак, на полувреме имаа водство со голот на Стојковски.
Гостивар се искачи на првото место на  со победата над Тетекс во Тетово и тоа минимална со 0:1. Влазерими има шанса да се врати на првото место со оглед дека утре го игра својот меч со Лабуништа.

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО
МАКЕДОНИЈА ЃП - ЕУРОМИЛК 3:0
ЗАЈАЗИ - ЛОКОМОТИВА  2:0
СТРУГА Т.Л. - НОВАЦИ  3:1
ТЕТЕКС - ГОСТИВАР  0:1
ВЛАЗЕРИМИ - ЛАБУНИШТА  (УТРЕ)
ТАБЕЛА:
1. Гостивар 25
2. Влазерими (-1) 23
3. Струга Т.Л. 23
4. Македонија ЃП 20
5. Еуромилк 19
6. Локомотива 17
7. Лабуништа 15
8. Тетекс 13
9. Зајази 12
10. Новаци 8



Датум: 18.11.2017, 15:06
Статијата е прочитана 1338 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense