| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.03.2017

Македонија го задржува Сефери, Милевски го врати Пивковски

Иако постоеше најава дека би можел да заигра за Албанија, сепак, фудбалерот на Јанг Бојс е повикан од страна на селекторот Милевски за пријателскиот меч против Црна Гора. Назад во репрезентацијата е и играчот на Ландскрона Филип Пивковски кој, пак е дел од „постарата“ генерација

Селекторот на младата фудбалска репрезентација, Бобан Милевски ги објави списоците за претстојните контролни натпревари против Бугарија и Црна Гора.
Во средбата против нашиот источен сосед, ќе анстапи нашиот проверен тим кој успеа да обезбеди настап на Европското првенство во Полска. На овој список беше вратен ФИлип Пивковски од Ландскрона кој поради повреда ги пропушти претходните активности.

Натпреварот против Бугарија го играме на 28 овој месец.

Новата генерација во селекцијата до 21 година, пак, ќе се соочи со Црна Гора четири дена претходно. Таму, новост е враќањето на Таулант Сефери од Јанг Бојс. Иако постоеа најави дека би можел да заигра за Албанија, сепак, селекторот Милевски со овој повик потврди дека ќе смета на него во иднина.



Датум: 14.03.2017, 12:15
Статијата е прочитана 2026 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense