| контакт | маркетинг

18.03.2017

Крафт со неверојатен скок од 253.5 метри! (ВИДЕО)

Норвешка стигна до победа на тимското натпреварување на домашната леталница во Викерсунд, но лидерот во Светскиот куп, Штефан Крафт шокираше со нов светски рекорд од 253.5 метри

Норвешкиот квартет Даниел Андре Танде, Роберт Јохансон, Јохан Андре Форфанг и Андреас Стјернен триумфираше на тимското натпреварување во скијачки летови во домашниот Викерсунд победувајќи ги Полјаците и Австријците, додека Крафт постави нов светски рекорд од 253.5 метри
Крафт скокна 253.5 метри за Австрија во првата рунда, со што го подобри рекордот на Норвежанецот Роберт Јохансон од 252 метри, поставен во истата рунда. Пред саботата, светскиот рекорд беше сопственост на Андреас Фанемел со 251.5 метри, поставен во 2015.



Датум: 18.03.2017, 20:30
Статијата е прочитана 1762 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense