| контакт | маркетинг

16.09.2017

Наѓ пред Стефановски на пол-позицијата во Цолдер

Унгарецот Норберт Наѓ ја освои пол-позицијата за првата трка од ЕТЦЦ шампионатот во Цолдер, победувајќи го нашиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе

Со третото место на Фабио Мота, првите три места на белгиската трка ќе ги пополнат возачи на СЕАТ. Стефановски претходно беше најбрз на „загревањето“, 45-минутната сесија пред квалификациите.
Швајцарецот Кристјоханес Шрајбер беше четврт во Хонда, додека лидерот во генерален пласман, Чехот Петр Фулин не успеа да комплетира круг поради технички проблеми на неговиот СЕАТ Леон и ќе стартува од последното место. Стефановски со добар резултат во Цолдер останува во игра за ЕТЦЦ титулата пред финалето во чешкиот Мост.



Датум: 16.09.2017, 16:30
Статијата е прочитана 670 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense