| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.02. 2017

Работнички го официјализира и Вуковиќ...

Она што „Македонски спорт“ го најави уште во текот на вчерашниот ден, попладнево и се оствари. Работнички го промовираше Иван Вуковиќ, искусниот напаѓач од Црна Гора

Иван Вуковиќ и официјално е нов „романтичар“. Тој попладнево потпиша едногодишен договор со Работнички и веднаш беше промовиран од страна на клубот од Градски парк. Па така она што „Македонски спорт“ го најави уште во текот на вчерашниот ден, тоа и се оствари.
Инаку Вуковиќ  е искусен напаѓач кој во минатото има играно и за Будуќност, Хајдук, Соенгнам, Макаби Нетанија, ОФК Београд и др. клубови. Нема што, Работнички денеска со Ванче Шиков и Иван Вуковиќ и тоа како се засили. Се обистинија зборовите на првиот човек на клубот Драган Поповски дадени за „Македонски спорт“, дека клубот од Градски парк во последниот ден од преодниот рок ќе ангажира двајца искусни и квалитетни фудбалери.



Датум: 11.02.2017, 17:36
Статијата е прочитана 2763 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense