| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.11.2017

Постапка против Вардар поради пиротехниката на „Комити“

ФК Вардар ќе се предаде на Дисциплинска која треба да реши дали ќе има парична казна за шампионот

По се изгледа дека ФК Вардар ќе мора да ја наполни малку касата на ФФМ и тоа поради пиротехниката на „Комити“ на нивната прослава на мечот со Пелистер. Имено како што неофицијално дознаваме, Натпреварувачката комисија ќе поведе постапка и ќе го предаде Вардар на Дисциплинската комисија за се она што се случуваше на дербито на Македонија. Такви се правилата, за секоја „бакљада“ следува и парична санкција. Да споменеме дека дел од „Комитите“ по натпреварот влегоа на терен и се обидоа да се пресметаат со гостинските фанови „чкембари“.



Датум: 21.11.2017, 11:20
Статијата е прочитана 1816 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense