| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.07.2017

Малме на колена, БРАВО, БРАВО Вардаре

Супер Вардар, ептен фантастичен Вардар. Нашиот првак со 3:1 го растури Малме и се пласира во следната рунда од квалификациите во Лигата на Шампионите

Ете историја. Конечно чекавме и дочекавме. Вардар, а кој друг, успеа по 11 години да и донесе победа на Македонија во Лигата на Шампионите и да мине едно коло. Е тоа Вардар го направи. И тоа како го направи. Супер, моќен Вардар. Момците на „царот“ Седлоски успеаја со 3:1 да го победат Малме во реваншот и со конечни 4:1 да оди на двомеч со Копенхаген.
А не почна така блескаво во Струмица. Малме со голот од пенал на Розенберг поведе со 1:0 во 16. минута. Во тие моменти судијата Запченко од Украина се глупираше но се му беше бадијала. Вардар во продолжение одигра храбро, и успеа да дојде до пресврт. Прво Грнчаров во 56. минута израмни, следуваше погодокот на Барсегјан по шуто од пенал на Фелипе, за 2:1 и на крај точка стави Николов за конечни 3:1.
Ова е прва вардарова победа во Европа по 14 години, по онаа во Моксква против ЦСКА.


Сега на ред е Копенхаген, но овој Вардар покажа и докажа дека е подготвен за високо дострели. Ние еднај го чекаме дуелот со данскиот првак. Но има време, сега треба да се радуваме, да му честитаме на Вардар.
БРАВО, БРАВО ВАРДАРЕ....



Датум: 18.07.2017, 19:59
Статијата е прочитана 5477 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense