| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.02.2017

Несторовски со гол вреден три бода

Македонецот го постигна единствениот гол кој донесе вредни три бодови за Палермо

Палермо успеа да впише три драгоцени бодови во борбата за опстанок во италијанската Серија А. Совладан е конкурентот Кротоне со 1:0, а единствениот гол го постигна македонскиот репрезентативец Илија Несторовски во 27 минута. Тоа беше негов деветти гол во Серија А и влезе во топ 10 стрелците.
Несторовски доби топка од Ембало и шутираше во небранетиот дел од голот на Кротоне. Нестор имаше уште две убави шанси за да заокружи 10 погодоци во најсилната италијанска лига. Тренерот Диего Лопез го извади нашиот голгетер во 92 минута од тактички причини. Како и да е благодарение на неговиот гол Палермо дојде до првата победа на домашен терен во оваа сезона.
Другиот македонски репрезентативец Александар Трајковски играше до 75 минута кога го смени Стефан Силва.



Датум: 05.02.2017, 20:04
Статијата е прочитана 1666 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense