| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.09.2017

Дербито во Ѓорче, шампионот на Автокоманда (ЖИВО)

Попладнево од 15:30 часот ќе се одиграат четирите мечеви од 5. коло во нашата Прва лига

Дербито се игра во Ѓорче каде Работнички ја дочекува Шкендија. Вардар пак во скопската пресметка гостува на Автокоманда кај Скопје, додека во Кратово домашниот Силекс е голем фаворит на мечот со Шкупи. И во Прилеп, на стадиончето на Могила, домашниот тим на Победа ќе ги одмери силите со „пандевци“. Вчера во Тетово екипата на Ренова со 1:0 го победи Пелистер.
„Македонски спорт“ и овојпат во живо преку текстуален пренос ќе ви ги пренесе најважните настани од денешните натпревари.

ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
РАБОТНИЧКИ - ШКЕНДИЈА 2:6
Марковски 46’ (п), Гофри 54’ - Хасани 7’ (п), 75’, Илиев 16’ (аг), Тодоровски 34’, Алими 57’, Шефити 84’
СКОПЈЕ - ВАРДАР 1:1
Џугурдиќ 35’ - Фелипе 26’
СИЛЕКС - ШКУПИ 0:1
Стојковски 45’
ПОБЕДА - А. ПАНДЕВ 2:2
Илијовски 42’, Шаркоски 82’ - Дориев 20’, Грифони 54’
ВЧЕРА,
РЕНОВА - ПЕЛИСТЕР 1:0

РАБОТНИЧКИ - ШКЕНДИЈА 2:3
2’ -
Идеална шанса за Шкендија, Емини од три метри не успева да го погоди голот.
7’ - ГОООЛ. 0:1. Ибраими шутира од 10 метри кон голот на Работнички, тука на гол-линијата Дурански игра со рака. Тоа беше пенал за Шкендија и црвен картон за Дурански. Хасани прецизен од белата точка.
16’ - ГОООЛ! 0:2 Ибраими нафрлува пред голот на Работнички, топката ја удира Илиев и си дава авто-гол.
34’ - ГОООЛ! 0:3. Супер-акција на Шкендија во петерецот на Работнички. Хасани додава до Тодоровски кој носи предност од 0:3.
46’ - ГОООЛ! 1:3 Марковски во продор, Мурати стартува врз него во шестнаесетникот, судијата Стојанов покажува на бела-точка. Марковски постигнува гол.
54’ - ГОООЛ! 2:3 Гофри со лоб-удар од 25 метри ја затресе мрежата на Шкендија.
57’ - ГОООЛ! 2:4 Алими шутира од 20-тина метри, топката удри во домашните играчи и го измами Шишковски за гол.
75’ - ГОООЛ! 2:5 Челиковиќ од лева страна одлично го проигра Хасани, кој од два-три метри погоди за зголемување на водството.
84’ - ГОООЛ! 2:6 Ибраими од лево нафрлува во петерецот на Работнички, Шефити со глава носи убедливо водство за гостите.


СКОПЈЕ - ВАРДАР 1:1
26‘ - ГОООЛ. 0:1 -
Акција на Барсегјан, кој додава до Фелипе, а овој со удар од работ на шеснаесетникот погодува во долниот агол на голот на Кандикјан.
35‘ - ГОООЛ! 1:1 Милош Џугурдиќ краде една топка лошо проигана од гостите излезе сам пред Гачевски и реализира за израмнување
51‘ - Гостите остануваат со играч помалу, исклучен е Бобан Грнчаров


СИЛЕКС - ШКУПИ 0:1

ПОБЕДА - А. ПАНДЕВ 2:2
42‘ ГОООЛ! 1:1
Домашните израмнуваат со голот на Ристе Илијовски од слободен удар
55‘ - ГОООЛ! 1:2 Италијанецот Џулио Грифони користи добра топка во длабочина и го совладува Давор Талески
65‘ - Пенал за домашните, откако Атанасов играше со рака, но Гешоски го промашува целиот гол, и па останува 1:2
83‘ ГООООЛ! 2:2 Цветаноски во продор катастрофална грешка на голманот на струмичани Вујанац, токпата стигнува до Шаркоски кој реализира за 2;2



Датум: 17.09.2017, 14:49
Статијата е прочитана 685 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense