| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Јаневски: Грешките скапо не чинеа

Тренерот на Вардар, Чедомир Јаневски признава дека неговиот тим скапо ги платил грешките во натпреварот, по што било речиси невозможно тимот да се врати во игра

Според Јаневски, клучен бил лошиот почеток на мечот и двата брзо примени голови.
„Почнавме со негатива и кога тоа ќе се слуцч многу е тешко да се вратиме против ваков противник. Иако имавме желба да го повториме успехот од претходните мечеви, сепак, не успеавме. Примивме гол од корнер кој не смеевме да го примиме. А, по вториот гол веќе ни беше многу тешко. На полувреме реков да се вратиме на основата, но Кокорин и Ѕјуба беа несопирливи.  Имавме неколку ситуации и кога мислиш дека ете имаш ситуација да се вратиш со гол резултатски повторно примивме гол по грешка. Мислам дека подобриот тим победи и са ги поправиме грешките за во иднина“, вели Јаневски.
Сепак, Јаневски вели дека и покрај тешкиот почеток и горкото искуство од високиот пораз, ова е само почеток на вардаровата европска приказна.
„Немаме искуство. Играчите немаат вакви мечеви во нозете. Мора да бидеме поорганизирани и сигурен сум дека во иднина ќе се подобриме“, заврши тренерот на Вардар.



Датум: 14.09.2017, 23:30
Статијата е прочитана 572 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense