| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.06.2017

Големи и кога губиме - Ние поразени, а тие плачат



Момците на Благоја Милевски уште еднаш ни докажаа дека треба да бидеме горди

 Португалија беше таа која бркаше убедлива победа а ние им ја расипавме нивната математика До последен атом. Така се игра за дресот со државните бои. Овие момци на Благоја Милевски уште пред две години кога тргнаа во квалификациите за ова ЕП докажаа дека се посебни. Дека секој меч е нов предизвик, нова приказна...
Има приказна и во ова ЕП. На пример 24 удари во голот на Шпанија а загубивме со 5:0. Србија ни се протна во последните секунди и спаси бод (2:2). И вечерва ние губиме а другите плачат. Ние бевме спакувани но со нас на пат кон дома ги поведовме и репрезентативците на Португалија. И тиа како и ние си одиме од ова ЕП. Тие беа фаворити, ѕвезди, играчишта...

Но ете исти сме кога станува збор за одењето од големото натпреварување. Загубивме со 4:2 но пак сме победници за некого. Во слулчајот за Словачка која ќе се тресе до утре околу патникот во 1/2 финале како најдобро второпласирана селекција. А ние... Ние утре сме си дома но нашите играчи ќе одат со кренати глави.
Секој меч нова приказна... Тоа се овие наши момци. Момци од кои повеќето беа младинци до вчера а од денеска се сениори... Има иднина, има надеж за нашиот мак-фудбал.



Датум: 23.06.2017, 23:22
Статијата е прочитана 5731 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense