| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

10.06.2017

Ристовски како Стоилов: Да пружиме машка игра, со м...ња

Македонскиот репрезентативец во стилот на Стоилов, ги искажа своите очекувања од утрешниот меч со Шпанците

Очигледно изјавата на капитенот на РК Вардар Стојанче Стоилов после освоената европска круна, ги „зарази“ и фудбалерите на националниот тим кои што во недела ја очекуваат пресметката со Шпанија. Стоилов после натпреварот со ПСЖ рече дека е горд на неговите играчи што имале м...ња до колена, а вчера најавувајќи го натпреварот со Шпанија, Ристовски истакна:
„Очекувам да пружиме машка игра. Не би сакал да кажам дека нема што да загубиме, или барем ако загубиме да биде тоа со м...ња. Влеговме во една мала позитивна серија пред овој натпревар и посакуваме да продолжи“, истакна меѓудругото Ристовски.
Целата изјава на Ристовски околу утрешниот натпревар со Шпанија можете да ја прочитате во  викенд  печатеното издание на „Македонски спорт“.



Датум: 10.06.2017, 10:40
Статијата е прочитана 1789 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense