| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.04.2017

Јаневски и Беверен ги „отворија картите“

Чедомир Јаневски и Беверен пред неколку недели ја имаа првата средба на којашто се преговараше за нов договор.

Во неделата се случи и вториот состанок на кој беа отворени картите околу новата соработка. Нашиот тренер им ги искажа на челниците неговите барања, а и клубот ги истакна исто така барањата, сега останува да се види дали ќе се поклопат.
Голема е веројатноста Јаневски да остане на клупата на Беверен со оглед на фактот дека двете страни се заинтересирани за нова соработка. И Беверен е задоволен од работата на тренерот, и македонскиот стручњак истакна дека не би имал ништо против да остане во екипата.
Јаневски го презеде овој клуб минатата есен и имаше неколку забележителни резултати во првенството.



Датум: 07.04.2017, 15:40
Статијата е прочитана 1756 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense