| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2017

Шкендија го победи Хајдук за Челиковиќ

Иван Челиковиќ за два дена треба да биде промовиран во дресот на Шкендија. Сега веќе екс левиот бек на Интер Запрешиќ доби договор од тетовци на 2.5 години. За неговите услуги силно беше заинтересиран и неговиот матичен клуб Хајдук

Иван Челиковиќ (27) е новиот лев бек на Шкендија. Сега веќе екс фудбалерот на  Интер Запрешиќ е договорен со нашиот вицепрвак и за два дена треба да дојде во Тетово за да биде промовиран во црвено-црниот дрес. Тој, како што велат нашите извори, се договорил со Шкендија во наредните 2.5 години да биде нејзин член. Со ова се пополнува, и тоа како, празнината на левата бековска позиција по заминувањето на Бесир Демири во Вардар. Според сè она што се знае за Чликовиќ, тогаш тој, веројатно, ќе биде најголемото засилување за четата на новиот стратег Томас Брдариќ, кој, како што велат нашите информации, лично се заинтересирал за ангажманот на овој хрватски фудбалер.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 18.01.2017, 13:07
Статијата е прочитана 5583 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense