| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

29.03.2017

Во Брегалница имаат сè па дури и кредити!

Екс стратегот на „сините“ Здравко Цветановски подигнал кредит а жирант му била Брегалница. Сега кога веќе не е тој во клубот се поставува прашањето кој ќе го плаќа кредитот ако веќе тој не ги исполнува обврските кон банката

Кога помисливме дека не може ништо да нè изненади во однос на мак - фудбалот се случува ново чудо. И тоа доаѓа од Штип. Имено, дознавме една неверојатна работа кога станува збор за ФК Брегалница и екс стратегот Здравко Цветановски и нивниот однос кој никако не може да се раскине. Неофицијално дознавме дека Цветановски кога бил во стручниот штаб на „сините“ подигнал кредит како и секој нормален човек и на тој кредит жирант му била Брегалница. Како ли се согласиле луѓето од клубот тоа да го направат, којзнае, и сега кога Цветановски е надвор клубот се поставува логичното прашање дали тој ќе го исплаќа кредитот или  тоа ќе го стори место него ФК Брегалница како жирант на тој кредит? Или, пак, има договор „сините“ нему да му даваат пари и натаму а тој самиот да си го плаќа кредитот. Навистина малку чудна работа во светот на фудбалот.



Датум: 29.03.2017, 19:08
Статијата е прочитана 6185 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense