| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.11.2017

Разиграна Шкендија на роденденот на „Балистите“

Пред мечот со Ренова навивачите на Шкендија со пиротехника и клупски знамиња го одбележаа 25. роденден

Шкендија со крупни чекори лета кон есенската титула. По 60-тина минути има предност од 4:1 во дуелот со Ренова. Навивачите на тетовските „црвено-црни“ со пиротехника и клупски знамиња го одбележаат 25. роденден. А нивните фудбалери се погрижија славјето да биде зачинето со триумф.
По првото полувреме Шкендија поведе со 3:0 со двата гола на Бесарт Ибраими и еден на Ферхан Хасани. Во второто полувреме Мишковски намали, меѓутоа само една минути по тој гол Жуниор ја враќа предноста од три гола.
Погокот на Жуниор е јубилеен 50-ти за Шкендија во првенството сезонава. До крајот Шкендија уште двапати ја тресеше мрежата на Ренова па конечниот резултат беше 6:1.



Датум: 25.11.2017, 14:26
Статијата е прочитана 1451 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
19.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense