| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.03.2017

Кога Пандев дебитираше се роди Чурлинов

Немаше ни неполна година Чурлинов кога Пандев го имаше својот прв настап во селекцијата. 16 години потоа еве ги заедно во националниот тим

Кога Горан Пандев во 2001 година на натпревар против Турција го имаше својот прв настап во селекцијата на Македонија, Дарко Чурлинов немаше наполнето ниту една година. Чурлинов тогаш имаше 11 месеци, и го чекаше својот прв роденден, несвесен дека еден ден ќе заигра со тогашниот дебитант во селекцијата на Македонија.
Пандев својот прв настап го имаше во јуни 2001 година на натпревар против Турција кога беше ставен од тогашниот селектор Ѓоре Јовановски на стадионот во Бурса. Натпреварот заврши 3:3 кога имавме водство цело време, но нашиот „крвник“ беше Алпај, кој постигна три гола.
16 години подоцна, Чурлинов и Пандев тренираа заедно, иако немаа можност да играат затоа што Пандев нешто порано го напушти теренот пред да влезе најмладиот дебитант во историјата на репрезентацијата.



Датум: 30.03.2017, 10:34
Статијата е прочитана 2929 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense