| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

16.01.2018

Демири и Вардар и официјално раскинаа

„Од денеска и официјално не сум повеќе член на Вардар. Се договоривме на обострано задоволство да ја прекинеме соработката. Во наредните три дена ќе решам каде ќе ја продолжам кариерата“ изјави за „Македонски спорт“ Бесир Демири

Она што го најавивме уште пред речиси еден месец, денеска стана и официјално. Имено Бесир Демири не е повеќе фудбалер на Вардар.
„Да, точно е дека јас и мојот досегашен клуб ја прекинавме соработката и тоа на обострано задоволство. Сега сум со слободни документи, но се уште не сум решил каде ќе ја продолжам својата кариера. Имам неколку добри понуди, како од странство така и од Македонија, па така за два - три дена би требало да се знае каде ќе потпишам“ изјави за „Македонски спорт“ Бесир Демири.



Датум: 16.01.2018, 17:23
Статијата е прочитана 1664 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense