| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.03.2017

„Арената“ под клуч по Белорусија

Поради катастрофалната ситуација на теренот и поради неговата преоптовареност, најголемиот македонски стадион по пријателскиот дуел во март ќе биде затворен на неодредено време


Речиси секоја година Националната арена на периоди се затвора за нејзино реновирање, а тоа се очекуваше, особено оваа година кога Скопје ќе го организира европскиот Супер куп на 8 август. Тоа е одлична вест, меѓутоа сега се „шминка“ нашиот најголем стадион и се подготвува за тој натпревар. Како одминува времето така е јасно дека Арената сè помалку и помалку ќе се користи.
Особено што на неа играат два прволигаши, се играат и квалификациски натпревари на македонскиот национален тим, но и пријателски. Сето тоа поткрепено претходно и со тренинзи, особено на репрезентациите, придонесува за теренот да биде сè полош и полош, особено ако се знае дека пред само два месеци беше и под голема снежна покривка, „преживеа“ и големи минусни температури, па кога се почна да се игра на него, ситуацијата стануваше сè поалармантна.


УЕФА ОЦЕНИ: ТЕРЕНОТ Е КАТАСТРОФА
Како што е познато, инспекции на УЕФА во изминатите неколку дена беа во посета на Скопје каде што ги надгледуваа ситуациите со градот домаќин на европскиот Супер куп. Стадионот мина низ неколку инспекции. Тоа што се прави на трибините е речиси готово, меѓутоа кога инспекцијата го видела теренот, прокоментирала со еден збор - катастрофа. Челниците не биле задоволни од ситуацијата на теренот, па од тука наредиле да биде итно затворен и да се сочува за спектаклот во август.
Сега, бидејќи не може да се земе нов терен, ќе мора постоечкиот да се сочува некако во следните месеци. Од тука се планирани две варијанти, а едната ќе биде донесена сигурно. Можно е натпреварот со Белорусија на македонската репрезентација на 28 март да биде последниот кој ќе се игра на „Арената“ во следните два месеци да нема никакви активности на него.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 17.03.2017, 11:05
Статијата е прочитана 3625 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense