| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.06.2017

Капело со ултиматум до Пандев

До 5 јули нашиот фудбалер треба да се изјасни за понудата која ја доби од славниот тренер за трансфер во Кина

Жиангсу Сунинг има понуда вредна 5,5 милиони евра за потписот на Горан Пандев. Нашиот фудбалер беше на преговори со менаџерите околу повикот од тренерот Фабио Капело кој е тренер на екипата од Кина. Деновите минуваат а екипата на славниот стратег од Италија е во лоша положба и се бори за опстанок во елитната лига на Кина.
Затоа поставен е ултиматум па Горан Пандев до 5 јули има рок до кога мора да го каже својот став.
„Понудата е добра само од финансиска гледна точка. Многу фудбалери кои одат таму се жалат дека тежок е стилот на живеење таму  и дека мора да се оди без фамилија. Јас не сум во ситуација по секоја цена да одам таму“, ни најави Горан Пандев околу опцијата за трансфер на далечниот исток.
Кинезите му нудат на Пандев 5,5 милиони евра плус по 150.000 евра за масер и кондиционен тренер кои би заминале си него во Жиангсу. Со оглед на сите случувања мали се шансите на Пандев да замине во Кина. Тој летово ја напушти Џенова и посакува да остане во Италија. Понуди има и од Австралија, Турција и Канада.

 

 

 



Датум: 26.06.2017, 16:49
Статијата е прочитана 7917 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense