| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.11.2017

Ефектниот Блажевски

Се играше 90+3. минута кога Дејан Блажевски постигна прекрасен гол на „Крестовски“ стадионот

Два гола на гости и двата прекрасни, што се вели за паметење. Ако во Трондхајм ефектен беше Фелипе, вечерва во Санкт Петербург на гости кај Зенит, Блажевски беше тој што постигна навистина прекрасен гол. Фелипе нафрли од корнер по што следуваше магија на Блажевски во последните секунди од мечот за конечни 2:1. Дали не требаше стрелецот на голот многу порано да влезе во игра, да се потсетиме дека тој во 79. минута влезе место Итало кој не се ни виде на теренот.
Сега останува и Фелипе и Блажевски заедно на 7 декември во Скопје против Розенборг да ја бркаат првата победа над Вардар во „Л“ групата во ЛЕ. Зошто да не? И двајцата покажаа дека знаат и тоа како, и во ова Европа, на мајсторски начин да ги тресат мрежите на противничките екипи.



Датум: 23.11.2017, 22:10
Статијата е прочитана 1498 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
22.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense