| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.02.2017

Пандев одбил да влезе во 90. минута

Медиумите во Италија прават скандал но тренерот Мандорлини ја спушта топката и најавува: „Нема ништо страшно во тоа што Горан одби да влезе во игра...“

Горан Пандев немаше минутажа на денешниот дуел во Серија А каде неговата Џенова одигра 1:1 пред своите гледачи со Болоња. Несомнено дека ова е една од најслабите сезони на Џенова која попладнево се спаси од пораз со гол во 95 минута. Но!? Медиумите во Италија направија скандал поврзан со името на Горан Пандев. Според нив Пандев во 90 минута одбил да влезе во игра кога Џенова има негатива. За несреќа на Пандев но за среќа на Џенова во игра влегол Оливие Нтчам кој подоцна стрела за 1:1.

“Пандев лут!? Ниту еден играч не е среќен да влезе во дополнителните минути. Пандев одби да влезе и нема ништо страшно во сето тоа. Во игра влезе Нтчам кој со вториот допир на топката го постигна и голот кој ни донесе реми“, вели тренерот Андреа Мондорлини.

Горан Пандев во минатото коло настапи од 30 минута при поразот на Џенова од 5:0 од Пескара. Тој има договор со Џенова до крајот на сезонава кога со сигурност ќе го напушти сегашниот негов клуб.



Датум: 26.02.2017, 20:16
Статијата е прочитана 5905 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense