| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2018

Шкупи ремизираше со Дрита Гњилане

Предмалку на стадионот во Ѓорче Петров, Шкупи и Дрита Гњилане одиграа 1:1.

Екипата на Шкупи предмалку го одработи првиот пријателски меч зимава. На стадионот во Ѓорче Петров, избраниците на Адријан Нухији одиграа 1:1. Стрелец на единствениот гол за тимот на Шкупи, беше Ален Јашароски уште во првото полувреме, а потоа гостите од Косово израмија на 1:1. Мора да се напомене дека косоварите промашија пенал во првиот дел.
За Шкупи дебитираа на еден натпревар три од четирите нови засилувања. Рон Броја, Благоја Љамчевски и Баже Илијоски беа дел од играчите на кои Нухији им даде шанса на овој меч, а сега се чека само и дебито на Штефан Вујчиќ.

 

 



Датум: 18.01.2018, 15:46
Статијата е прочитана 1156 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense