| контакт | маркетинг

22.10.2017

ИНЦИДЕНТ ГИ ПРЕКИНА КРУЖНИТЕ ТРКИ ВО СКОПЈЕ (ВИДЕО)

Во последната трка, откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката


Враќањето на кружните автотрки во Скопје за жал го одбележа сериозен инцидент, и тоа во последната трка откако српскиот автомобилист Урош Бркиќ со автомобил Хонда излета од патеката и удри во еден од организаторите на трката.

Станува збор за легендата на овој спорт кај нас, Александар Димушевски, кој што в тој момент се наоѓал крај самата патека.

Инаку, инцидентот се случи на тринаесет круга до крајот на трката во четвртата дивизија.

За жал, Димушевски се здоби со сериозни повреди. Веднаш реагираа медицинските лица кои повредениот со возило на Брза помош го префрлија во болница, а трката е прекината.

Од МВР на РМ, како и од Итната медицинска помош најавија дополнителни информации околу целиот инцидент и повредените во истиот.



Датум: 22.10.2017, 16:35
Статијата е прочитана 1813 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense