| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.07.2017

Дејан Илиев: Конечно на тренинг на Арсенал

Голманот на Арсенал по 23. месеци се враќа на терен

По 23 месеци минати на рехабилитација, по серија на проблеми со повредата, Дејан Илиев конечно се врати на тренинзите на Арсенал. Македонскиот интернационалец во изминатиот период имаше големи проблеми со повредата, направи операции во серија, беше подложен на долг рехабилитационан третман и сега конечно може да се каже дека е подготвен за фул тренинзи.

„Конечно сум назад на терен. Не можам да опишам какво е чувството што можам повторно да тренирам со полн капацитет.  Долго време бев во „аут“ што се вели, но сега се чувствувам добро. Стартувам со тренинзи, и ова е последната фаза што се вели до мојот конечен кам-бек на терените. Луѓето како да заборавија на мене, што е и нормално 23. месеци бев во надвор од терените. Но не се лутам, напротив. Имам голема желба да покажам дека некои луѓе прерано ме откажаа од фудбал што се вели. Напротив, токму во дресот на Арсенал ќе покажам дека повредата не ме направи послаб, напротив. Ме направи посилен, поидржлив. Следува најдоброто од мене“ - изјави Дејан Илиев за Македонски Спорт.



Датум: 06.07.2017, 14:38
Статијата е прочитана 13654 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense