| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.10.2017

Сакристан: Со Вардар нема опуштање


Тренерот на Реал Сосиедад вели дека максимално го респектира тимот на Вардар


Реал Сосиедад утре против нашиот евро претставник ќе се обиде да дојде до ниви бодови во групната фаза од Лигата на Европа. Но, според тренеро Еузебио Сакристан, нема да биде така едноставно за составот од Сан Себастијан.
„Го респектираме Вардар. Сите екипи се намачија да стасаат до фазата по групи во Европа Лигата. И затоа бодовите се многу значајни на секој меч, а ние сакаме да ги освоиме во Скопје. Знаеме со кого играме, нема да има никакво опуштање, ова се европски натпревари и секој кикс се казнува. Ќе ни недостасува Давид Зурутуза и уште неколку играчи кои не се со нас во Скопје и секако дека не ни е сеедно, но имаме играчи што ќе ги заменат отсутните. Вардар игра офанзивно, но ние ќе настојуваме да доминираме, во поголемиот дел од мечот да ја наметнеме својата игра и да победиме. Вардар е опасен и не смееме да дозволиме да дојде до фаза на еуфорија, да се разбуди и публиката, што ќе биде опасно за нас. Верувам во победа утре во Скопје“, вели стратегот на Реал Сосиедад, Сакристан.
Асиер Иљараменди, екс фудбалерот на Реал Мадрид на вечерашниот прес посочи...
„Ова за нас е важен меч, но не и клучен бидејќи има уште да се игра. Очекувам да победиме и со 6 бода да ја продолжиме битката за првите две места. Секако не го потценуваме Вардар, но веруваме во себе и дека сме поквалитетни од домаќините. Во денешниот фудбал нема големи разлики и ние ја имаме улогата на фаворит, но само на хартија“, вели Иљарименди.



Датум: 18.10.2017, 19:26
Статијата е прочитана 366 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense