| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.08.2017

Шаиновски: Вардар има големи шанси да го мине Копенхаген

На вечерашниот тренинг на Вардар на стадионот „Паркен“ во Копенхаген присуствуваше и Џевдет Шаиновски.

Џевдет Шаиновски, поранешниот фудбалер на Вардар и репрезентативец на Македонија,вечерва присуствуваше на тренингот на вардарци на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.  Се разбира дека популарниот Џеко му даде голема поддршка на својот Вардар, а за тоа што мисли за утрешниот дуел, тој истакна...
„Се разбира дека Копенхаген е добар тим, првак на Данска. Сепак Вардар има големи шанси да оди натаму. Има добар резултат од Скопје, мислам дека нашиот првак предводен од тренерот Гоце Седлоски ќе одигра како што играше на минатите мечеви ова лето и дека ќе оствари пласман во плејофот во Лигата на шампионите“ рече Шаиновски.



Датум: 01.08.2017, 21:56
Статијата е прочитана 4942 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense