| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.09.2017

Јаневски: Ни фали голгетер во тимот

*Задоволен сум од играта но ни фали голгетер во тимот. Сигурен сум дека ако вака продолжиме бодовите во еден момент и ќе ги освоиме – изјави Јаневски.

Тренерот на Вардар по мечот со Роземброг изјави дека на неговиот тим во суштина му фали расен стрелец кој ќе може да ги искористи шансите кои се создаваат и дека на вечерашниот меч победила екипата која има далеку повеќе искуство.
„Сакам да им честитам на Розенборг. мислам дека натпреварот мина во егал, двата тима пробаа да играат фудбал. Имавме свои шанси, онаа прилика на 0:0 ја погодивме стативата. И кога нема да се даде гол, во фудбалот се прима. Од тој пенал можеше да биде направен фаул на триесет метри од голот, но тоа е нашето неискуство. И по 1:0 имавме шанса. Пробавме да играме офанзивен фудбал, но немавме во нашиот тим вистински голгетер. Честитки за играчот кој што играше на таа позиција, и даде се од себе. Во вториот дел повторно бевме рамноправни, но примивме и втор гол кој што според мене го одлучи натпреварот. После тоа направивме измени, внесовме во игра двајца млади играчи. Успеавме да постигнеме гол, кој што за жал дојде во финишот и не можеше ништо резултатски да промени. Сакам да кажам дека сум задоволен од играта на мојот тим, бидејќи беше поинаква од првиот меч против Зенит на домашен терен. Сигурен сум дека ако продолжиме во овој стил, бодовите ќе дојдат на некој од следните натпревари. Денеска победи тимот кој што имаше повеќе искуство и ги реализираше своите шанси“, вели Јаневски



Датум: 28.09.2017, 21:44
Статијата е прочитана 1996 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense