| контакт | маркетинг

18.03.2017

Хонда ветуваат дека нема раскин со Мекларен

Хонда остануваат „100 отсто посветени“ на иднина со Мекларен во Формула 1 и покрај тоа што ги очекува уште еден проблематичен старт на сезона, а шпекулациите велат дека англискиот тим веќе размислува да набави мотори на Мерцедес

Мекларен имаа пеколни осум дена тестирање во Барселона одбележани со сериозен недостаток на моќ и ужасна постојаност од новиот мотор на Хонда. Тркачкиот директор на тимот, Ерик Булие, призна дека односите со Хонда станаа „затегнати до максимум“, а неколку извори оваа недела потврдија дека тимот веќе контактирал со Мерцедес за да го обнови партнерството со германскиот производител.
Сепак, портпаролот на Мекларен изјави дека опциите се разгледуваат „заедно со Хонда“, а јапонскиот производител е задоволен од договорот кој го имаат со тимот и кој трае до 2024 година.
„Секако оваа ситуација не е нешто на што се надевавме кога се вративме во Формула 1, но остануваме 100 отсто посветени на иднината во спортот и на односите со Мекларен. Веруваме во ова партнерство, како и луѓето во Мекларен и да одиме напред мораме да работиме како тим и да ја разгледуваме ситуацијата заедно. Приоритетот е да останеме искрени во комуникацијата и да ја засилуваме врската и покрај тешкотиите. Ова не е краткотраен проект за нас“, вели шефот на Хонда Ф1, Јусуке Хасегава.



Датум: 18.03.2017, 18:19
Статијата е прочитана 475 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense