| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.12.2017

СРБИНОТ ВУЧИЌ ПОТПИШУВА ЗА ВАРДАР

Немања Вучиќ во моментов е фудбалер на ФК Земун, станува збор за млад офанзивен лев бек кој би требало да биде замена за Бесир Демири кој е пред заминување

Немања Вучиќ (21), е пред трансфер во Вардар. Како што велат нашите информации во следните неколку денови би можело да дојде до конечен договор и потпис, секако и промоција на младиот офанзивен бек од Србија кој во моментов е фудбалер на ФК Земун. Претходно Вучиќ го носел дресот на Слобода Чачак, Борац Чачак, Нови Пазар, Прибој а сега како што веќе споменавме, е член на ФК Земун, клуб од елитната лига на Србија и се наоѓа на 12. место на табелата во тамошниот шампионат. Инаку Немања Вучиќ е роден во 1996 година, а покрај стандардното место како лев бек, може да игра и  и нешто поофанзивно.



Датум: 23.12.2017, 10:20
Статијата е прочитана 2851 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense