| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.09.2017

Работнички го промовираше Нигериецот Чарлс Гофри

Нигериецот Чарлс Гофри ќе биде последното засилување во редовите на „романтичарите“.

Работнички во последниот ден од летниот преоден рок го комплетира трансферот на нигерискиот интернационалец Чарлс Чинеду Гофри. Се работи за 19-годишен напаѓач кој потпиша едногодишен, а доаѓа од албанскиот прволигаш Скендербег.

Гофри веќе се приклучи во работата со тимот на Работнички и ќе ја засили конкуренцијата во навалната линија.

Работнички се подготвува за неделното гостување на Чаир, и дуелот со Шкупи, кој е закажан со почеток во 16 часот, во рамките на четвртото коло од Првата фудбалска лига.



Датум: 08.09.2017, 12:58
Статијата е прочитана 575 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense