| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.06.2017

Работнички посилен за Елмас, Маркоски и Шишковски

Репрезентативците добија два дена одмор, се приклучуваат во понеделник, веќе во вторник „романтичарите“ патуваат за Сан Марино


Добра вест за стратегот на „романтичарите“ Виктор Треневски е тоа што тој ќе смета на „хероите“ Елиф Елмас, Кире Маркоски и Дамјан Шишковски за првиот меч од 1.квалификациско коло во ЛЕ против Тре Пене. Сите тројца добија дводневен одмор а ќе се јават во тимот во понеделник. Веќе во вторник се патува во Сан Марино. Со авион се лета за Љубљана за да потоа со автобус се оди за Сан Марино, каде во четврток  навечер Работнички му гостува на тимот на Тре Пене. Се разбира дека домашната фудбалска јавност очекува од нашиот најуспешен клуб во Европа, без проблеми да ја мине оваа пречка.



Датум: 24.06.2017, 15:31
Статијата е прочитана 3599 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense