| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.03.2017

Фатална пауза за шампионот

Хамбарѕумјан денеска е на прегледи во Германија, се стравува дека страдале лигаментите на десното колено, Попов има истегнување на мускулот, додека Којашевиќ поради повреда предвреме го заврши вчерашниот дуел во Подгорица


Да не си му во кожа на Гоце Седлоски, шефот на стручниот штаб на Вардар. Секојдневно добива лоши вести за повреди на своите фудбалери кои во текот на репрезентативната пауза настапуваат за повеќе репрезентации. Најново е тоа што на повреди се жалат Хофханес Хамбарѕумјан и Дамир Којашевиќ, како и искусниот Горан Попов. 

СТРАДАА ЛИ ЛИГАМЕНТИТЕ НА ХОФ?
Најстрашна, се разбира за Вардар, е состојбата со десниот офанзивен бек Хофханес Хамбарѕумјан. Тој на еден од тренинзите во пресрет на завчерашниот дуел со Ерменија се здоби со повреда на коленото на десната нога. Првичните прогнози не се охрабрувачки, некои дури велат дека страдале лигаментите на Хоф. Како што велат нашите информации, тој денеска треба да престојува во Германија каде што врз коленото ќе се извршат детални анализи. Не треба да говориме што значи ако навистина се лигаментите. Ако е така тогаш за Хоф не само што ќе заврши пролетниот дел туку дека Вардар на лето ќе мора без него да настапува во фудбалска Европа.
Сепак, во Вардар се надеваат на добри вести во однос на нивниот извонреден  десен бек.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 28.03.2017, 10:56
Статијата е прочитана 1264 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
20.10.2017
20.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
19.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense