| контакт | маркетинг

25.06.2017

Четврто и трето место за Иџе



Игор Стефановски-Иџе си заминува со едно четврто и едно трето место по викендот во Вила Реал, Португалија

Втората трка беше прекината во моментите кога нашиот натпреварувач беше на третото место на патеката. Игор Стефановски Иџе го освои третото место, на втората трка, која денеска се возеше на патеката во Вила Реал во Португалија. Најдобриот македонски автомобилист се искачи на пиедесталот, иако трката се возеше само неколку кругови.
Поради излетување на еден од натпреварувачите, втората трка во Португалија се возеше само два круга, а потоа со безбедносно возило беа извозени уште четири круга, за да потоа организаторот реши да означи крај на трката.
Со освоените бодови овој викенд, во генералниот пласман Иџе сега има 41 поени, што е доволно за четвртото место. Интересно е што Унгарецот Наѓ е пред него со само еден бод повеќе, додека Шрајбер е втор во генералниот пласман со 44 поени. Засега убедлив лидер е Фулин со 57 бодови.



Датум: 25.06.2017, 16:17
Статијата е прочитана 1328 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
24.07.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense