| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.08.2017

Се „удавија“ во сопствените грешки

Вардарци уште долго ќе жалат за оваа шанса која ја испуштија на вчерашниот меч против Копенхаген

Кој, каде и што се грешеше вчера на натпреварот во Копенхаген? Вардарци се „удавија“ во сопствените грешки, и сега веќе пласманот во плеј-офот е завршена приказна за „црвено-црните“.
Утеха нема. После една непреспиена ноќ поразот и натаму силно боли. И самите Вардарци се свесни дека испуштена е голема шанса. Ова беше последната прилика за оваа генерација, за оние постарите играчи, а младите, пак, којзнае кога ќе дочекаат уште нешто вакво. Имаа се, на крајот добија ништо. Имаа резултат кој ги носеше во следната фаза, имаа играч повеќе, а примија два гола.
Сега Вардарци го одбраа потешкиот пат до историскиот успех, до пласманот во групната фаза од некое европско натпреварување. Сега на сите прваци им е полесно да влезат во Лигата на шампионите, отколку сега преку Лигата на Европа. Таму во ЛШ ќе паднеа со противници како Марибор, АПОЕЛ... Сега можни противници на „црвено-црните“ се Милан, Зенит, Ајакс, Олимпик Марсеј...
Овој натпревар уште долго ќе се памети. Уште многу долго како тоа тимот беше пред вратите на групите од Европа. Но, очигледно дека љубителите на фудбалот ќе сонуваат барем најмалку уште една година. Освен ако не се случи големо чудо во плеј-офот кон крајот на овој месец.


 



Датум: 03.08.2017, 16:42
Статијата е прочитана 873 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense