| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.03.2017

Поразителна серија на Академија Пандев

Во битката за Струмица, Хоризонт Т со 3:1 успеа и повеќе од убедливо да го победи големиот фаворит и лидер на табелата. Ова е втор меч во серија што Академија Пандев го загуби

Што навистина се случува со Академија Пандев? По поразот од Скопје во минатото коло, лидерот и денеска во битката за Струмица, во дербито на 18. Коло, беше нокаутиран од Хоризонт Т и тоа со 1:3. Академија Пандев поведе со голот на Атанасов во 45. Минута, но потоа во вториот дел следуваше потоп. Радојчиќ постигна два а Василев еден за голем и убедлив триумф на турновци.
Еуромилк и покрај сите напори што ги вложи сепак не успеа да го победи Тетекс, мечот на „Борис Трајковски“ во Скопје. Резултатот беше оној почетниот од 0:0.
Во вториот меч одигран во Скопје, екипата на Влазерими го победи Металург со 3:1 и освои големи три бода. Во Неготино пак домашниот Вардар со голот на Најдов во 56. Минута го совлада фаворитот Скопје.
И во Кавадарци гостите од Новаци со головите на Наумоски и Лавуровски постигнати уште во првиот дел успеаја да го совладаат домашниот Тиквеш со 2:0 и со тоа да му ја прекинат победничката пролетна серија.

РЕЗУЛТАТИ – 18. КОЛО
А. ПАНДЕВ – ХОРИЗОНТ Т 1:3
МЕТАЛУРГ – ВЛАЗЕРИМИ 1:3
ЕУРОМИЛК – ТЕТЕКС 0:0
ТИКВЕШ – НОВАЦИ 0:2
ВАРДАР (Н) – СКОПЈЕ 1:0

ТАБЕЛА
1.А. Пандев 43 бод, 2.Скопје 33, 3. Новаци 31, 4. Еуромилк 30, 5.Хоризонт Т 25, 6.Металург 23, 7.Влазерими 21, 8.Вардар (Н) 17, 9. Тиквеш 16, 10. Тетекс 14



Датум: 25.03.2017, 16:14
Статијата е прочитана 3437 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
17.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense