| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.03.2017

СИМОВСКИ: Среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија

Фудбалерот на шведски Акрополис, Алекс Симовски против Црна Гора за прв пат ќе биде во комбинација за настап во дресот на Македонија на еден официјален натпревар.

Алекс  Симовски е роден во Шведска беше дел од селективните кампови организирани од селекторот Благоја Милевски, но тие натпревари немаа вистински натпреварувачки карактер. На утрешната пресметка против Црна Гора, Симовски верува дека ќе ја оправда довербата и ќе го заслужи местото во репрезентативниот тим и во иднина.
„Јас сум многу среќен што ја претставувам родната земја на мојата фамилија, јас сум роден во Шведска, но тоа не ја намалува љубовта кон Македонија. Мојот дедо е роден во Македонија, потекнува од мавровскиот крај и навистина сум среќен што имам шанса да ја претставувам Македонија“, вели Симовски.



Датум: 23.03.2017, 13:09
Статијата е прочитана 2117 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense