| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.07.2017

Трајановски решение за дефанзивните проблеми

Дефанзивецот на шведски Хакен би бил идеален за нашите младински селекции. Би добиле многу со неговото присуство, но треба за услугите на Трајановски да се избориме со Шведска.

Бејхан Аметов од Борусија Дортмунд не е единствениот играч со со во моментов македонската фудбалска федерација размислува да ги засили своите младински селекции. Филип Трајановски, стоперот на шведски Хакен е една од желбите на ФФМ со кој службите задолжени во федерација константно се во комуникација.

Се работи за млад и исклучително робусен, а воедно и талентиран млад стопер кој во моментов е дел од академијата на Хакен, но и на шведските младински репрезентации. Како што е добро познато, во овој клуб поникна нашиот сега веќе стандарден сениорски репрезентативец, Леонард Жута, заедно со негвоиот помлад брат Едуард. Трајановски е по потекло од Скопје и во Шведска е сметан за еден од најталентираните фудбалери на неговата позиција. Роден е 1999 година, веќе настапува сериозно за својот клуб.
За Трајановски како и за уште неколку млади и ултра перспективни млади фудбалери кои се потенцијални македонски репрезентативци прочитајте повеќе во утрешниот број на Македонски Спорт.



Датум: 11.07.2017, 17:08
Статијата е прочитана 5189 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense