| контакт | маркетинг

27.02.2017

Хамилтон и Мерцедес најсилни, Мекларен и Ред Бул со проблеми

Луис Хамилтон и Мерцедес покажаа дека се подготвени за нова доминантна сезона по првиот ден тестирање во Каталонија, поставувајќи најдобро време пред Ферари и Себастијан Фетел, додек Ред Бул и Мекларен имаа лош прв ден

Хамилтон, кој го замени неговиот нов колега во Мерцедес, Финецот Валтери Ботас во попладневната сесија според планот на тимот, имаше време од 1:21.765 на меки гуми, што е точно една секунда побрзо од најдоброто време поставено на минатогодишното тестирање и побрз од неговото време за пол-позиција (1:22.000), со што имаме показател дека новите болиди ќе бидат драматично побрзи.
Себастијан Фетел имаше ветувачки старт за Ферари, со над 100 кругови (128) и заврши само 0.113 секунди зад Хамилтон и тоа на „средни“ гуми.
Јасни проблеми имаа Мекларен, кои со Фернандо Алонсо пред паузата за ручек имаа само еден комплетиран круг поради проблеми со маслото во моторот. Алонсо излезе пак на патеката во попладнето за да заврши со 29 круга по осум часа работа.
Главниот фокус на тимовите, нормално, е на постојаноста и на километрите, а дел од болидите на себе имаа комплицирани аеродинамички мерни системи.

РЕЗУЛТАТИ (БАРСЕЛОНА, 1.ДЕН)
1.Луис Хамилтон (Мерцедес) 1:21.765, 73 круга
2.Себастијан Фетел (Ферари) 1:21.878, 126 круга
3.Фелипе Маса (Вилијамс) 1:22.076, 103 круга
4.Кевин Магнусен (Хас) 1:22.894, 50 круга
5.Даниел Рикијардо (Ред Бул) 1:22.926, 39 круга
6.Валтери Ботас (Мерцедес) 1:23.169, 79 круга
7.Серхио Перез (Форс Индија) 1:23.709, 39 круга
8.Карлос Саинц (Торо Росо) 1:24.494, 51 круг
9.Нико Хулкенберг (Рено) 1:24.784, 57 круга
10.Фернандо Алонсо (Мекларен) 1:24.852, 29 круга
11.Маркус Ериксон (Заубер) 1:26.841, 72 круга



Датум: 27.02.2017, 18:40
Статијата е прочитана 632 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense